Србите Жмириќ и Ранитовиќ пред потпис за Беласица

Српските интернационалци Станко Жмириќ и Страхиња Ранитовиќ се на проба во новиот македонски прволигаш, струмичка Беласица.

Струмичани деновиве ги тестираат двајцата Срби кои се очекува да бидат нови фудбалери на тимот за престојната прволигашка сезона. 23-годишниот Жмириќ е довчерашен офанзивец на БСК Борча, а претходно има настапувано и за Телеоптик, додека Ранитовиќ (23 години) е дефанзивец кој во својата кариера има настапи за Колубара и Раднички Нова Пазова.

Досега Беласица се засили со голманот Вујанац и офанзивецот Балдовалиев кои пристигнаа од Академија Пандев, како и со Милушев и Драган Стојков.

Според планот на стручниот штаб, пред заминувањето за Златибор на 6. јули ќе се одиграат и веќе закажани два пријателски натпревари против Македонија ЃП и против Победа.

Се вчитува...