По голема борба македонскиот тенисер Горазд Србљак успеа да се пласира на главниот турнир од ИТФ Фјучерсот во Аламинос, Кипар, кој се игра за награден фонд од 15.000 долари. Тој во финалето од квалификациите го победи Мануел Лазиќ од Австрија.
Првиот сет во тај брејк му припадна на противникот на Србљак со 7-6 (5), а во вториот сет македонскиот тенисер успеа да дојде до предност и сетот го заврши со 6-4 во гемови. Во решавачкиот сет на поени Србљак беше поуспешен и триумфираше со 10-8.
Утре во првото коло на турнирот Србљак ќе игра против Џанмарко Ортензи од Италија, кој е рангиран на 969.место на АТП листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА