Србљак по три часа запрен во 2. коло на турнирот во Анталија

Македонскиот тенисер Горазд Србљак не успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Анталија, Турција, откако загуби во 2. коло.

Србљак, по три часа игра, во три сета загуби од Италијанецот Клаудио Фонтана. Првиот сет со 6-4 го доби италијанскиот тенисер, во вториот со 7-5 славеше Србљак, но Фонтана со 6-2 успеа да го доби третиот сет за конечна победа.

Се вчитува...