Србљак со победа го почна турнирот во Куршумлијска бања, Марковски елиминиран

Македонскиот тенисер Горазд Србљак со победа го почна настапот на ИТФ фјучерсот во Куршумлијска бања што се игра за награден фонд од 15.000 долари.

Тој во првото коло го победи квалификантот од Австралија Стефан Вујиќ со 2-1 во сетови (6-4, 3-6, 6-3) за два часа и 44 минути игра.

Мечот беше речиси изедначен, 33% искористени брејк топки Србљак (4/12), Вујиќ (3/9). Во вкупниот број поени беше 98-89 за Србљак.

Следен противник на македонскиот тенисер ќе му биде Алесандро Белифемине од Италија (22 години, 1334 место АТП) кој турнирот го почна во квалификациите, а во првото коло го елиминира седмиот носител Габриел Донев од Бугарија со 2-1 во сетови.

Вториот македонски тенсиер на турнирот Обрад Марковски, пак, загуби од Србинот Алекса Писариќ во два сета, со 4-6 и 5-7.

Се вчитува...