Македонската таеквондистка Мила Релиќ го освои сребрениот медал на Г1 турнирот кој се одржа во главниот град на Албанија, Тирана.
Релиќ на патот до финалето ја совлада грчката таеквондистка, Теопула Сарванаки која беше светска вице-шампионка во Мексико во 2022 година, во полуфиналето сласвеше против Елза Чарсл Секанел од Шпанија, додека во финалето беше поразена од Хрватката Дора Мештровиќ.
Со новиот медал Релиќ докажува дека е во врвна форма пред Светското првенство кое ќе се одржи во Кина на крајот на октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

