Сребрен руски олимпиец уапсен бидејќи не сакал да оди во војска

Рускиот хокеарски репрезентативец Иван Федотов беше уапсен во татковината поради избегнување на отслужување на воената обврска.

Тој настапува во американската НХЛ-лига, но по завршувањето на сезоната се врати во Русија, каде требаше да го мине летниот одмор. Тоа се претвори во кошмар откако военото обвинителство издаде налог за апсење на Федотов, по што тој беше лишен од слобода и одведен на испрашување.

Притоа, здравствената состојба на голманот се влошила, по што Федотов бил примен во клиниката во Санкт Петербург.

Федотов беше голман во руската репрезентација која годинава го освои среброто на ЗОИ во Пекинг. Тој сезонава се пресели во Филаделфија, откако претходно настапуваше за ЦСКА Москва, водејќи го овој тим до титулата во рускиот шампионат.

Се вчитува...