Легендарниот српски тренер Синиша Михајловиќ и главниот уредник на тиражниот римски весник „Кориере дело спорт“, Иван Закарони ги „закопаа секирите“.
Под наслов: „Состанокот кој го чекав…“, на насловната страница на „Кориере“ се појави текст кој информира за средба на двајцата долгогодишни пријатели кои изминатово лето прекинаа да комуницираат поради „предавството“ на Закарони кога во прашање беше болеста на Михајловиќ.
Најдобриот српски тренер за 2019 година, беше лут на својот пријател затоа што на насловната страница на „Кориере“ во јули оваа година ја објави веста за леукемијата на Синиша, а пред Србинот сето тоа да го објави на официјална прес-конференција.
Деталите од нивниот состанок не се познати, но Закарони откри една реченица која Михајловиќ двапати му ја кажал во текот на вечерта.
„Сега сме во години кои не ни дозволуваат да имаме нови пријатели. Па старите мора да ги чуваме блиску“ – ги пренесува Закарони зборовите на српските тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА