Средба на Пандев и Кулушевски пред мечот на Џенова и Парма…, Пандев со капитенската лента (ФОТО)

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, со капитенската лента го стартуваше натпреварот за Џенова, првпат оваа сезона, против Парма во 8. коло од Серија А.

Џенова гостува на Парма со Пандев како капитен во стартниот состав.

На спротивната страна во почетниот тим на Парма е и младиот Македонец Дејан Кулушевски кој пред самиот почеток на натпреварот пристапи да се поздрави со Горан Пандев.

Кулушевски има настапи за младите репрезентации на Македонија, но одбра да чека повик за настап во сениорската селекција на Шведска, изминатиов период во два наврати одбивајќи ги повиците на селекторот Игор Ангеловски за настап во македонскиот дрес.

Се вчитува...