Среде турнир укината публиката на Австралија опен: Мелбурн оди во целосен карантин

Австралиската сојузна држава Викторија оди во целосен карантин. Од денеска на полноќ се воведува карантин кој ќе трае до среда, како би се спречило ширење на британскиот сој на коронавирусот.

И покрај овие мерки, тенисот на првиот Грандслем турнир од сезоната во Мелбурн продолжува, но без публика на трибините.

Организаторите информираа дека до среда ќе биде забранет влез на навивачи на трибините. Досега 30.000 дневно можеа да присуствуваат на натпреварите. Австралија опен се игра до 21. февруари, а публиката беше ограничена досега на 50% од капацитетот.

Се вчитува...