Среќа за Коман, минал без кинење на лигаментите

Францускиот интернационалец Кингсли Коман нема да паузира предолго поради повредата на коленото што ја заработи на синоќешниот меч од Лигата на шампионите против Тотенхем. Првичните лекарски прегледи покажаа дека не се работи за кинење на лигаментите на коленото, туку истегнување на тетивата и оштетување на капсулата, што секако е многу посреќна околност за крилниот напаѓач кој досега во кариерата се соочи со неколку сериозни повреди.

Коман во 24.минута при еден спринт падна на теренот и во прв момент се чинеше дека повредата е многу сериозна. Веднаш беше префрлен во клиника во Минхен каде му беа извршени прегледи и за среќа дијагнозата не е најлоша.

Французинот при надминувањето на претходната сериозна повреда најави дека доколку уште еднаш мора да минува низ таков процес, ќе ја заврши кариерата.

Се вчитува...