Среќен крај на драмата во Франција: Тргнат од мостот фудбалерот кој се закануваше со самоубиство

Нешто после 14 часот е завршена драмата на вијадуктот кај Ница, Франција. Фудбалерот на Ница, Алексис Бека Бека се качи на високиот мост и се закани дека ќе се фрли и ќе изврши самоубиство. Станува збор за 22 годишен играч, а наводно мотивите биле нарушен однос со неговата девојка.

Тој се наоѓаше околу 100 метри висина, а во меѓувреме се појавија снимки на кои се гледа како е тргнат од мостот и пренесен на безбедно.

Ница веднаш испрати психолог на местото на настанот, како и многу соиграчи кои се обидоа да контактираат со него и да го отргнат од намерата.

Се вчитува...