Среќен крај на сагата: Мауро Икарди дојде на позајмица во ПСЖ

Аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди во претстојната сезона ќе го носи дресот број „18“ на Пари Сен Жермен. Францускиот шампион успеа да го добие контроверзниот напаѓач на Интер на едногодишна позајмица, со опција за комплетно откупување на договорот по завршувањето на сезоната за сума од 70 милиони евра.

Претходно, Интер го примора Икарди да го продолжи договорот до 2022 година. Тој речиси целата измината сезона имаше несогласувања со челниците на „нероаѕурите“, прво имаше преголеми барања за продолжување на соработката и обновување на договорот, а потоа најави дека сака да си замине од „Џузепе Меаца“. Неговата партнерка, а воедно и фудбалски агент, Ванда Нара, имаше нереални желби кои на крајот Интер и не ги исполни.

Се вчитува...