Срѓан Ѓоковиќ откри кога Новак ќе ја заврши тениската кариера

Новак Ѓоковиќ утре ќе има шанса да испише историја и да стане првиот тенисер во „Опен ерата“ кој стигнал до „календарски-слем“ ако во финалето на УС опен слави против Русинот, Данил Медведев.

Новак по полуфиналниот меч против Александар Зверев изјави дека во финалето ќе се однесува како тоа да е неговиот последен меч. Таткото на Новак, Срѓан говореше околу тоа до кога првиот рекет на светот би можел да биде дел од АТП турнејата.

„Новак нема така скоро да замине во пензија. Планира да ги одигра и ЛОИ во Париз. Како негов татко не сум за тоа, но тој има 34 години и самиот одлучува за кариерата и животот. Тука сум да му дадам совети, а негово е дали ќе ме послуша или не. Сепак, морам да кажам во животот многу ме слушаше и гледам дека никаде не сум погрешил“, изјави Срѓан. 

Се вчитува...