Поранешниот македонски репрезентативец Срѓан Захариевски е новиот шеф на стручниот штаб на прволигашот Струга Трим Лум, дознава ЕКИПА.
По заминувањето на Јетон Беќири, раководството на Струга ТЛ се одлучи на тренерската функција да го именува 46-годишниот Захариевски чија официјална промоција, како што дознаваме, се очекува во текот на денешниов ден.
Захариевски, кој како фудбалер има настапувано за Силекс, Вардар, Тетекс и Металург во домашното првенство, но и германскиот Штутгарт, во тренерската кариера досега ги предводеше екипите на Металург и Пелистер. Има и 22 настапи во националниот дрес на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА