Српскиот селектор: Сакам Хрватска да дојде до златото само поради неверојатните навивачи

Србија го доживеа и третиот пораз на Европското првенство, овој пат од Хрватска со 24-21 на тој начин завршувајќи го својот настап на собирот на најдобрите на Стариот континент.

Српскиот селектор Ненад Перуничиќ е воодушевен од атмосферата која во Грац ја приредија околу 5.000 хрватски навивачи…

„И посакувам на Хрватска да стигне до златото на ова европско првенство само поради овие навивачи. А, би сакал и нам да ни се случи ова во иднина, да не бидеме сами какви што бевме овде во Грац“ – истакна по синоќешниот натпревар Перуничиќ притоа дополнувајќи:

„Жал ми е што навивачите не не поддржаа на ова европско првенство. Многу Срби живеат во Виена која е блиску до Грац. Би сакал да ја чувствуваат припадноста кон репрезентацијата многу повеќе. Разбирам дека луѓето кај нас повеќе сакаат кошарка, одбојка или фудбал затоа што доживуваат вистински резултати, но поддршка им е потребна и на овие момци. Кога гледам со каква страст Хрватите ги бодрат своите ракометари, го посакувам тоа и во Србија. Таква љубов кон репрезентацијата треба да се почитува“.

Се вчитува...