Српските клубови почнаа со тренинзи: Кошаркарите на Партизан во парк

Намалувањето на рестриктивните мерки воведени поради борбата со коронавирусот од денеска во Србија се драстично намалени па со тоа полека почнува да се враќа и надежта за спортот кај нашиот северен сосед. Клубовите се враќаат на тренинзи, но мора да ги почитуваат и правилат кои и натаму се на сила.

Затоа кошаркарите на Партизан почнаа со групни тренинзи во парк. По речиси двомесечна пауза тренинзите засега може да се одржуваат на отворено со задолжително носење заштитни маски. Играчите се поделени во две групи во одвоени делови од паркот. Засега на тренинзите се само домашните кошаркари, а оние што се од други држави ќе се вратат кога ќе биде донесена конечна одлука за рестарт на првенството.

Се вчитува...