Стадионот „Младост“ во Струмица од денеска со ново име – „Благој Истатов“!

Градскиот стадион „Младост“ во Струмица од денеска е со ново име согласно одлуката на раководството на ФК Беласица кој е концесионер на еден од најголемите стадиони во Македонија.

Од денеска кога се одбележува годишнината од смртта на легендата на македонскиот фудбал градскиот стадион во Струмица ќе се вика „Благој Истатов“.

„Претседателот на ФК Беласица, Славчо Васков- Пинда донесе одлука, денеска, на денот на одбележувањето на годишнината од смртта на „Горостасот меѓу стативите Благој Истатов“, стадионот „Младост“ да се преименува во „Благој Истатов“, во чест на фудбалската легенда на ФК Беласица и македонскиот фудбал, човекот синоним за фудбалот во Струмица“ – информираат од ФК Беласица.

Се вчитува...