Стајиќ е на чекор до Куманово

Куманово имаше зад себе разочарувачки втор дел од сезоната, откако по пласманот во финалето од Купот на Македонија следеше серија слаби резултати по која кумановци воопшто не обезбедија пласман во плејофот, туку сезоната ја завршија во плејаут разигруввањето.

„Сино-белите“ планираат да состават конкуретен ростер и за наредната сезона, а прво засилување според информациите од Куманово ќе биде Бобан Стајиќ.

Искусниот плејмејкер ги мина последните неколку сезони во Пелистер, но по неизвесноста што владее околу идните амбиции на битолскиот суперлигаш тој реши да ги напушти „зелено-белите“. Неофицијално, Стајиќ начелно ја прифатил понудата на Куманово и ќе се врати назад во клубот чии бои ги бранеше во сезоната 2017/18.

Се вчитува...