Стајиќ: Одбраната ќе биде клуч за победа над МЗТ

Натпреварите во АБА2 лигата продолжуваат денеска со македонскиот дуел помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер од 15 часот. Тимовите кои се сретнаа во минатогодишното полуфинале, оваа сезона веќе одиграа и еден дуел во новата сезона во кој битолскиот состав успеа да го одбрани домашниот терен.

На таа средба двата тима не настапија со целосен состав. Битолчани беа без Малешевиќ, а аеродромци без Мекиќ, Рикиќ и Крстевски.

„Не очекува тежок натпревар против екипа со која веќе игравме, но сигурни сме дека ќе биде сосема различен натпревар. На првиот натпревар им недостасуваа неколку играчи, а ние бевме без Малешевиќ и со самото тоа може да се очекува друг тек на натпреварот. Нашата цел ќе биде да го наметнеме нашето темпо на игра и да се обидеме да дојдеме до што повеќе лесни поени. Покрај тоа одбраната сигурно ќе биде клучен фактор за тоа кој ќе го добие натпреварот. Мора да игравме цврста одбрана ако сакаме да победиме. Натпреварите против МЗТ се секогаш возбудливи и интересни и сигурно и овој пат ќе биде така“, изјави за ЕКИПА, Бобан Стајиќ.

Се вчитува...