Стајиќ со „условна суспензија“, ќе плати ли Работнички?

Работнички се соочува со нови проблеми во пресрет на стартот од финалната серија, откако Бобан Стајиќ заработи суспензија од еден натпревар поради техничката грешка заработена на мајсторката со Блокотехна. Стајиќ во третата четвртина влезе во конфликт со Младеновиќ, поради што двајцата кошаркари добија технички грешки, но бидејќи станува збор за трет ваков случај за плејмејкерот на Работнички, казната за него изнесува осум илјади денари, плус суспензија од еден натпревар.

Добра вест за Стајиќ и за Работнички е што ваквите суспензии според новите правила на КФСМ од сезонава се „условни“, што значи дека казната би можела да биде избришана доколку клубот плати 30.000 денари за недисциплината на својот играч.

Со оглед на значењето на Стајиќ за играта на Работнички, нема сомнеж дека „центарци“ ќе ја платат казната за Докузовски да има значаен адут во одбраната за титулата против вечниот ривал.

Се вчитува...