Стајиќ: Знаевме дека гостите се изморени и го искористивме тоа

Работнички направи голем чекор напред кон осигурување на првото место на табелата во пресрет на Супер-лигата, откако „центарци“ вечерва лесно ја совладаа екипата на Блокотехна. Мечот што важеше за дерби на колото не го оправда епитетот, Работнички го мина поголемиот дел во убедливо водство, за на крајот шампионот да го добие натпреварот со убедливи 17 поени разлика.

Значајна улога во победата имаше плејмејкерот Бобан Стајиќ, кој ја презеде одговорноста кога на тимот не му одеше најдобро, самиот носејќи пресврт во првата четвртина. Тој го заврши натпреварот со 13 поени, 5 асистенции и 2 украдени топки.

„Оној пораз во Гевгелија ни послужи како инспирација, се потсетивме на разочарувањето од тој меч и го претворивме во дополнителна мотивација. Пресудна беше нашата агресивност, знаевме дека гостите се изморени бидејќи пред неколку дена имаа тежок натпревар во БИБЛ. Затоа притискавме, игравме агресивно и во нападот и во одбраната, го искористивме заморот на противникот и на крајот заслужено триумфиравме“ – истакна Стајиќ по натпреварот.

Се вчитува...