„Стаклениот“ Бејл: Откако е во Реал, ја доживеа 28. повреда

Велшкиот интернационалец Герет Бејл повторно се повреди. Тоа е 28.пат тој да отсуствува од тимот на Реал Мадрид поради повреда откако во летото 2013 година од Тотенхем пристигна на „Сантијаго Бернабеу“. Поради ова, го доби и прекарот „Стаклениот“.

Бејл досега поради повреди има пропуштено 65 натпревари во дресот на Реал Мадрид. Тоа се речиси цели две сезони, од вкупно пет колку што е во Мадрид. Реал за него плати 101 милион евра.

„Стаклениот“ Бејл постојано повредува друг дел од телото…скочните зглобови, мускулите, адуктори, листови…се чини дека нема крај на неговите повреди, анализира „Марка“. Оваа сезона, тој е заменет на 15 натпревари во Ла Лига. Поради ова, раководството на клубот најверојатно и ќе се одлучи за негова продажба на крајот од сезоната.

Се вчитува...