Само два дена по кревањето на шампионскиот пехар од Премиер-лигата, Дејан Ловрен ги спакува куферите и е подготвен за заминување од Ливерпул, и тоа со преселба во далечната Русија. Шампионот Зенит ќе биде новиот клуб на хрватскиот дефанзивец, откако тимот од Санкт Петербург се договори со Ливерпул висината на трансферот да изнесува 12 милиони евра.
„Црвените“ минатото лето бараа 20 милиони евра за Хрватот, но не добија ни приближна понуда, па тој цела ланска сезона ја мина греејќи ја клупата на тимот на Јирген Клоп. Зенит покажа интерес за Ловрен уште пред два месеци, но во последните две седмици преговорите се интензивираа и на крајот беше постигнат целосен договор меѓу клубовите.
Ловрен го загуби првотимскиот статус уште во текот на минатата сезона, но тој годинава стана дури четврта опција на Клоп во одбраната, зад Ван Дајк, Гомез и Матип. Тој е вториот фудбалер што си заминува од „Енфилд“, откако истото го стори и Адам Лалана, заминувајќи без отштета по истекот на договорот со „црвените“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА