Станчиу: Не заслуживме повеќе од бод, капитенот на Македонија ни се извинуваше за лошиот терен

Еден од најдобрите фудбалери на Романија, Николае Станчиу вели дека не заслужиле повеќе од бод од гостувањето против Македонија согласно прикажаното на терен.

Романците беа во подредена улога на дуелот, па на крајот и задоволни што заминуваат без пораз.

„Не заслуживме повеќе од бод. Како што се одвиваа нештата на терен овој бод и навистина е добар за нас. Мислам дека се рефлектира на играта тоа што имавме три напорни меча во само шест дена. Тешка недела и тоа се виде. Знаевме дека Македонија е квалитетна репрезентација и бевме и малку претпазливи. Ќе биде неизвесна битка за второто место во групата до последното коло“ – вели Станчиу, кој истакна и дека капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски му се извинил пред почетокот на мечот за лошиот терен.

„Капитенот на Македонија пред натпреварот ми се извини за лошиот терен. Навистина беше во очајна состојба. Не знам како Македонците играат на тој терен во битка за бодови и пласман на Светско првенство“.

Се вчитува...