Станиќ го објави списокот на селекцијата до 17 години за квалификациите за ЕП

Македонската репрезентација до 17 години на 2. октомври во Скопје го започнува квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза од УЕФА квалификациите за пласман на Европското првенство. На турнирот кој ќе се игра во Македонија, противници на нашата селекција ќе бидат Босна и Херцеговина, Молдавија и Словачка.

Селекторот на Македонија до 17 години, Горан Станиќ за трите пресметки ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Матеј Андов (Вардар), Марко Алчески (Академија Пандев), Андреј Буторац (Пелистер);

Одбрана: Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Ване Тасевски (Сасуоло, Италија), Божидар Митревски (Работнички), Суад Јонузи (Сент Гален, Швајцарија), Ален Личина (Работнички), Георгије Јанкулов (Црвена Звезда, Србија);

Среден ред: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Агон Елези (Каен, Франција), Никола Секулов (Јувентус, Италија), Димитар Тодоровски (Работнички), Влада Новевски (Војводина, Србија), Амар Колашинац (Олимпија, Словенија);

Напад: Кире Трпчевски (Њу Старс), Куштрим Таири (Шкендија), Ален Јусуфов (Винер Спортклуб, Австрија), Муарем Сујхељ (Шкупи), Џемал Ибизи (Вардар), Давид Тошевски (Работнички).

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра против Босна и Херцеговина на 2. октомври во 15 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Во истиот термин на стадионот „Борис Трајковски“ ќе се соочат Молдавија и Словачка.

Пресметките Словачка – Македонија (тренинг центар „Петар Милошевски“) и БиХ – Молдавија (стадион „Борис Трајковски“) се на 5. октомври во 15 часот.

Последното, трето коло е предвидено да се одигра на 8. октомври со почеток во 15:00 часот, а ќе се соочат Словачка – БиХ (стадион „Борис Трајковски“) и Македонија – Молдавија (тренинг центар „Петар Милошевски“).

Се вчитува...