Станиќ го одработи првиот тренинг со „романтичарите“ (ФОТО)

Работнички го одработи денеска првиот тренинг под водство на новиот шеф на стручниот штаб, Горан Станиќ.

Станиќ на клупата на „романтичарите“ доаѓа на местото на Гоце Седлоски кој беше сменет по лошиот старт на пролетниот дел од сезоната, во кој Работнички има една победа, едно реми и дури пет порази во седум натпревари. Сега Станиќ ќе има тешка задача да се избори за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Асистенти на Станиќ ќе бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски, а тренер на голманите останува Матеј Миленков.

Се вчитува...