Станковиќ не можеше да се воздржи по дознавањето на резултатот од Данска (ВИДЕО)

Црвена Звезда славеше синоќа со 1-0 против Лудогорец во Лигата на Европа, но шефот на стручниот штаб Дејан Станковиќ не можеше да се воздржи кога на крајот го дозна резултатот од Данска, која ја остава групата Ф и натаму максимално драматична се до последното коло.

Митјиланд постигна гол од пенал во 93. минута и триумфираше против Брага со 3-2, па сега трите тима влегуваат со шанси во последното коло за обезбедување пролет во Лигата на Европа

Данците кои имаат осум бода во последното коло играат против Лудогорец, додека Црвена Звезда која е прва со десет бодови, ќе има тешко гостување кај Брага која има бод помалку.

Интересна беше реакцијата на Дејан Станковиќ синоќа кога дозна дека Митјиланд во последните секунди дојде до триумф над Брага. Лут и со пцовки замина кон соблекувалната…

Се вчитува...