Станковски и Чурлинов промовирани во Тетекс

Фудбалскиот клуб Тетекс на самиот крај од преодниот рок донесе две квалитетни засилувања од ПМФЛ. Станува збор за 22-годишниот Кристијан Чурлинов кој доаѓа од ФК Силекс и игра на десната бековска позиција, по потреба и како лев бек.

Во клубот дојде и 24-годишниот Марио Станковски од редовите на Тиквеш. И двајцата се веќе официјално регистирани и имаат право за настап, нивниот деби се очекува следниот викенд кога Тетекс гостува во Македонска Каменица кај тимот на ФК Саса.

Се вчитува...