Станковски ја презеде „командата“: Голема чест е да се биде на кормилото на Работнички (ФОТО)

Новиот шеф на стручниот штаб на Работнички, Горан Станковски, денеска го одржа и првиот тренинг со екипата, откако вчера беше именуван на новата функција, по оставката што ја поднесе Виктор Треневски.

stankovski

По денешниот тренинг, Станковски веќе утре ќе го има и своето деби на клупата, на првенствениот натпревар против Силекс (15.30 часот) на арената „Филип Втори“.

„Голема чест е да се биде тренер на Работнички и веднаш сакам да искажам благодарност до раководството за укажаната доверба. Мора да кажам дека не размислував ниту миг, кога ми беше понудено местото шеф на стручниот штаб, тоа е голем предизвик. Се надевам дека со напорна работа и со успешни резултати ќе ја оправдам довербата. Играв во овој клуб како фудбалер, работев во младинската школа откако решив да се посветам на тренерскиот занает и средината ми е апсолутно позната. Добро ги знам и квалитетите на фудбалерите и сигурен сум дека не го заслужуваат сегашното место на табелата во Првата лига. Ќе работиме напорно и ќе се трудиме да ги подобриме сите аспекти во наредниот период. Првичната цел е да се консолидира екипата по релативно слабиот старт на сезоната и да тргнеме напред со добри игри и позитивни резултати. Веќе утре не очекува дуел со Силекс“ – изјави Горан Станковски пред денешниот свој прв тренинг на чело на „романтичарите“.

Се вчитува...