Станковски: Не е лесно да се победат Пелистер и Вардар, по ред…

Работнички влезе во победнички елемент. „Романтичарите“ нанижаа два триумфи во серија, земајќи го скалпот на Пелистер и на Вардар. Тимот на Работнички покажа дека има голем потенцијал, во што тренерот Горан Станковски беше уверен и кога го презеде кормилото од Виктор Треневски.

„Уште кога бев назначен за нов шеф на стручниот штаб, реков дека Работнички има голем квалитет во својот тим. Требаше само психолошки да се подигнат фудбалерите, и со напорна работа да се врати екипата во победнички колосек. Драго ми е што успеавме во тоа, и сега не смееме да застанеме тука, иако не е лесно да се остварат две големи победи по ред, против Пелистер и против Вардар. Заслугите секако одат кон фудбалерите, максимално се мотивирани да го покажат својот квалитет, работат одлично на тренинзите, и токму затоа дојдоа и позитивните резултати“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски, за официјалниот сајт на клубот.

 

Се вчитува...