Станковски: Паузата ќе биде добредојдена за Работнички

Новиот тренер на Работнички, Горан Станковски, вели дека репрезентативната пауза ќе биде добредојдена за составот на „романтичарите“ по послабиот старт на новото првенство. Тој немаше многу време за да ги наметне своите идеи по доаѓањето на клупата, а ќе се обиде да го искористи овој период за да направи одредени промени во играта на својот тим.

„Паузата ќе ни биде добредојдена. Пред се за подобро запознавање, да можеме во дело да спроведеме некои мои идеи. Немавме доволно време за големи промени откако седнав на клупата, затоа што следеа два првенствени меча во низа. И морам да кажам, дека тимот одработи одлично во дефанзивниот дел, но сега ќе треба да поработиме малку повеќе и на градење на играта, и офанзивните карактеристики“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски, за официјалниот сајт на клубот.

Работнички по девет кола, а со еден одигран меч помалку – соседското дерби со Вардар, се наоѓа на осмата позиција на табелата со седум освоени бода.

Се вчитува...