Станува интересно: Бензема даде смешен гол, Мане израмни

Второто полувреме донесе далеку поголеми возбудувања отколку првите 45 минути во Киев, откако за десетина минути паднаа два гола во големото финале од Лигата на шампионите.

Прв поведе Реал, и тоа со најбизарниот гол во историјата на финалињата на ЛШ. Кариус ја зеде топката пред Бензема и се обиде веднаш да ја уфрли во поле, но Французинот само постави нога, топката го удри и заврши во мрежата.

„Црвените“ делуваа во нокдаун, но успеаја да се вратат откако Мане најдобро се снајде по еден корнер, па Сенегалецот на асистенција на Ловрен израмни на 1-1.

Се вчитува...