„Старата дама“ без Манџукиќ на „Олд Трафорд“

Италијанскиот првак Јувентус вечерва ќе му гостува на Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, а тренерот Масимилијано Алегри нема да може да смета на хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ. Тој остана во Торино поради повреда на скочниот зглоб, што ја заработи на последниот тренинг. Повредата не е премногу сериозна, но Манџукиќ не е способен за настап на „Олд Трафорд“.

32-годишниот напаѓач, според италијанските медиуми, требаше да биде стартер во нападот заедно со Кристијано Роналдо, а сега Масимилијано Алегри најверојатно ќе му даде шанса на Пауло Дибала.

Манчестер јунајтед исто така ќе биде ослабен, без чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез.

 

Се вчитува...