„Старата дама“ победи и без Роналдо, но сега има нов проблем

Јувентус рутински си ја одработе задачата на дуелот против Бреша, триумфирајќи со 2-0 и покрај отсуството на Кристијано Роналдо. Тренерот Сари реши да му даде одмор на португалскиот ас, а во негово отсуство одговорноста ја презеде Пауло Дибала, отворајќи го резултатот со прекрасен гол од слободен удар. Конечните 2-0 во вториот дел ги постави Квадрадо.

Сари можеби го одмори Роналдо, но сега остана без помошта на Миралем Пјаниќ, кој ја обнови повредата на мускулот. Босанскиот плејмејкер влезе во игра кон средината на второто полувреме, но само десет минути подоцна мораше да биде заменет со Матуиди. Огромни се шансите дека сега Пјаниќ ќе го пропушти првиот осминафинален меч од ЛШ, но и големото дерби со Интер што ќе биде на програмата за две седмици.

Фиорентина како гостин ја декласираше Сампдорија со 1-5. Tорсби со автогол ја отвори серијата погодоци, потоа следеа два пенали на Влаховиќ и на Киеза, по што во второто полувреме „виолетовите“ беа прецизни уште двапати, овојпат со голови од игра на Влаховиќ и на Киеза. Конечните 1-5 ги постави Габиадини во 90. минута.

Парма на гостински терен го совлада Сасуоло со 0-1 благодарение на погодокот на Жервињо.

Се вчитува...