„Старата дама“ пред нов предизвик: Арсенал доставил понуда до Јувентус за Кулушевски

Тимот од Лондон, Арсенал доставил понуда за крилниот напаѓач на Јувентус, Дејан Кулушевски. „Топџиите“ претходно сакаа директно да ги разменат играчите со тоа што понудија да го „трампа“ Николас Пепе за 21-годишниот Швеѓанец, но нивната понуда беше одбиена од Торино.

Според „Калчомеркато“, Арсенал имаат сериозен интерес за Кулушевски и сакаат да го земат во своите редови. Тие се надеваа дека ќе можат да го разменат за Николас Пепе, бидејќи цената на двајцата моментално е приближно иста – околу 30 милиони фунти. Сепак, Јувентус не се согласи на ваква зделка, бидејќи повеќе би сакале да го продадат Кулушевски и да ја наполни касата за да може да се засили на други позиции каде моментално имаат потешкотии. Инаку Кулушевски се уште не може да се наметне како стартер кај Масимилијано Алегри.

Фудбалерот со македонско потекло, од почетокот на сезоната забележа 15 настапи и 1 гол во сите натпреварувања, но на многу од нив настапуваше како резерва. Кулушевски, кој во 2020 година беше ангажиран од Аталанта, досега на своето конто за „Старата дама“ има 68 натпревари, 8 гола и 8 асистенции.

Инаку, Арсенал не е единствениот кандидат за потписот на Дејан, тој е е вклучен во трансфер плановите и на лондонскиот тим Тотенхем.

Се вчитува...