„Старата дама“ се засилува со уште еден Србин: Ајнтрахт во последни преговори со Јуве за трансфер на Филип Костиќ

Покрај Душан Влаховиќ, Јувентус е многу близу до ангажман на Филип Костиќ од редовите на Ајнтрахт Франкфурт.

Српскиот репрезентативец веќе ги договорил личните услови со „Старата дама“ и е подготвен да потпише тригодишен договор. Сега останува најтрофејниот италијански клуб и Ајнтрахт да се договорат околу обештетувањето.

Бундеслигашот ја одбил првата понуда од 12 милиони евра и бара 20 милиони обештетување. Германските медиуми велат дека клубовите ќе се најдат на половина пат и Костиќ ќе премине во Торино за 17 милиони евра.

Се вчитува...