„Старата дама“ во самоизолација – коронавирусот влезе и во Јувентус

Целиот тим на Јувентус од денеска е ставен во самоизолација откако коронавирусот влезе и во таборот на италијанскиот првак, за првпат по стартот на новата сезона во Калчо-лигата. „Старата дама“ попладнево објави дека два има два случаи на Covid-19 во своите редови, додавајќи дека не станува збор ниту за фудбалери ниту за членови на стручниот штаб на Пирло.

„Без оглед на фактот дека не се позитивни фудбалери, ниту членови на нашиот тренерски тим, ги следиме протоколите и целиот тим е ставен во самоизолација“, објави Јувентус.

Утре наутро ќе биде извршено ново тестирање врз сите фудбалери на „старата дама“, по што оние кои се негативни ќе можат да настапат на големото дерби против Наполи.

За потсетување, овој натпревар во таборот на Наполи ќе го пропушти Елиф Елмас, откако македонскиот репрезентативец беше позитивен на денешниот тест за коронавирус, поради што Елмас ќе го пропушти и клучниот натпревар со Косово во Лигата на Нации.

Се вчитува...