„Стариот“ добар Монфилс со свое шоу во Мелбурн: Елиминиран четвртиот носител (ВИДЕО)

Францускиот тениски ветеран Гаел Монфилс приреди големо изненадување на Австралија опен, елиминирајќи го четвртиот носител Тејлор Фриц во третото коло на грандслем турнирот.

„Стариот“ добар Монфилс, и на 38 години, со пресврт и повеќе од три часа борба славеше со 3-6, 7-5, 7-6 (1), 6-4, во игра како во своите најдобри денови.

Французинот ја воодушеви публиката со својата енергија и покрај тоа што го загуби првиот сет. Но, потоа покажа агресивност и квалитет за сосема заслужен триумф.

Се вчитува...