Стартот одложен: Финалната серија МЗТ – Работнички почнува в сабота

Финалната серија од кошаркарскиот шампионат меѓу МЗТ Скопје и Работнички наместо петок дефинитивно ќе стартува в сабота во СЦ „Јане Сандански“, беше одлучено на денешниот состанок на финалистите со претставниците на Министерството за Внатрешни Работи.

„Куќата на кошарката“ имаше предвидено и финалните како и претходно полуфиналните средби да се играат во распоред вторник – петок – недела, но проблемот настана поради фудбалскиот дуел меѓу Македонија и Полска, за кој ќе треба да бидат ангажирани дополнителни полициски сили.

Вториот дуел на кој домаќин ќе биде Работнички е закажан за вторник (11 јуни). Финалната серија се игра до три добиени натпревари, а евентуалната мајсторка би била на програмата на 18 јуни во СЦ „Јане Сандански“.

Работнички и МЗТ Скопје и лани се сретнаа во финалето од плејофот, при што „центарци“ славеа со максимални 3-0 во сетови и ја прекинаа доминацијата на „металците“ на домашната кошаркарска сцена.

Се вчитува...