Стартува новата сезона на Бизнис лигата на Македонија: Рекорден број учесници!

Организаторите на најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал – Бизнис лигата на Македонија, на прес конференција вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ги претставија компаниите учеснички, системот на натпреварување, распоредот од есенскиот дел како и медиумските покровители на новата сезона во ова домашно натпреварување.

Сезоната 2018/2019 е осмата едноподруго сезона во која Бизнис лигата на Македонија брои рекорден број на компании и тоа – 25: Аџибадем Систина, Гранит, ЕВН, ЕЛЕМ, Еуро Табак, ЈСП, Лукоил, Македонски Телеком, Макпетрол, Матрикс, Оне.Вип, Окта, Пекабеско, Рамстор, Сава Осигурување, Уни Банка, Уника, Фабрика Карпош, Џонсон Мети, Ваикики, Мепсо, Алкалоид, Борис Трајковски, Искрател Груп и Маркарт.

Од оваа сезона и Горска Вода ќе биде дел од Бизнис лигата. Таа ќе има за задача да ги освежува натпреварувачите.

Свое обраќање на прес конференцијата имаа проект менаџерите на лигата, Младен Ѓуроски и Филип Николовски кои им посакаа на компаниите пред се фер плеј игра, успешна сезона исполнета со многу забава и како и секогаш да победи подобриот.

Што се однесува до самиот ситем на натпреварување, ќе се игра еднокружно (секој со секого) бидејки натпреварувањето се игра без гостински терен за да на крајот првите четири екипи влегуваат директно во Ф8 фазата која е елиминациона и секој пораз значи испаѓање. Додека пак разигрувањето претставува шанса за влез во Ф8, а шансата ќе ја имаат и екипите од 5. до 12. место. Победниците влегуваат во Ф8 по што ќе се игра завршниот турнир кој води до титулата – шампион на Бизнис лигата на Македонија.

Се вчитува...