Стартува Вуелта: Роглич и Карапас најголеми фаворити

За неколку часа од градот Утрехт, ќе почне Вуелта, последната Гран Тур трка во 2022 година во велосипедизам, а ќе треа до 11 септември за кога е закажано големото финале во Мадрид.

Првите три дена ќе се возат низ Холандија, токму онака како што беше со Џиро Де Италија кога се стартуваше од Унгарија, а потоа и Тур Де Франс во Данска. Од Холандија, велосипедистите се селат во Баскија.

Фаворит и натаму е Примож Роглич од Словенија, освојувачот на последните три Вуелти, и сега бара четврти триумф за да го стигне Ерас на вечната листа. Роглич беше фаворит и на Тур Де Франс, но тешкиот пад го спречи да направи нешто повеќе.

Ги нема Вингегорд и Погачар, но тука е Карапас како и Хиндли кои доминираа низ Италија. Карапас гори од желба да му врати на Роглич за ноемвриската Вуелта од 2020 година.

Се вчитува...