Стартуваше ерата на Иван Марковски на клупата на Металург (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Иван Марковски го одржа првиот тренинг како тренер на Металург. Металург покрај нов тренер им и нов  кондицискн тренер во името на Златко Јанакиевски.

„Марковски смета дека моменталниот пласман на екипата не одговара на квалитетот што го поседува тимот и дека ќе стори се за да го поправи впечатокот што Металург го остави со своите досегашни настапи“, стои на официјалната страна на клубот од Автокоманда.

Првиот тест, Металург под водство на Марковски, ќе го има веќе в сабота, кога во Автокоманда ќе гостува екипата на Еурофарм Пелистер 2, во третото коло на македонската Суперлига.

 

 

 

Се вчитува...