Стартуваше Евролигата: Реал Мадрид го декласираше бранителот на титулата, дебитантот Монако со лекција за Панатинаикос

Кошаркарите на Реал Мадрид го декласираа бранителот на титулата Анадолу Ефес на стартот од новата сезона во Евролигата.

„Кралевите“ повеќе од заслужено триумфираа навестувајќи ја победата уште во првата четвртина која ја добија со 32-15. До крајот само рутински одржуваа предност за конечна победа од 82-69.

Најефикасен во победата на Реал Мадрид беше Томас Хертел со 15 поени, а Таварес запиша 13 поени. Кај гостите Шејн Ларкин мечот го заврши со 21 поен.

Дебитантот Монако стартуваше со победа од 75-63 против Панатинаикос. Данило Анџушиќ со 17 поени беше предводник во победата на Французите.

Во најнеизвесниот денешен натпревар Макаби Тел Авив триумфираше со 69-68 против Баерн Минхен, а Милано со 84-74 славеше против ЦСКА Москва.

Се вчитува...