Стартуваше проектот – Младинска кошаркарска лига „Вардар“

Изминатиот викенд беше означен почетокот на новоформираната Младинска кошаркарска лига „Вардар“ во која ќе се натпреваруваат повеќе клубови, пријавувајќи ги децата кои не се дел од официјалните натпреварувања на МКФ. Кошаркарите учесници во Младинската кошаркарска лига “ВАРДАР”, ни покажаа вистински квалитет во првото коло. Во неделата во СРЦ Кале, се одиграа три натпревари во две генерации.

Првиот натпревар во генерација 2005, даде сериозна нота на целото натпреварување, каде екипите на МВП Скопје и Ангели со брза игра, одлична одбрана под двата коша ни покажаа како младите кошаркари се веќе сериозни играчи. Предноста цело време беше на страната на МВП Скопје, освен во ¾ која КК Ангели ја добија со 12:09. Најдобар стрелец беше Стевановски Никола со 16 постигнати поени.

Иако вториот натпревар беше најавен како дерби на колото, сепак домаќините Вардар ги надиграа гостите од Аеродром . МЗТ Скопје одигра солидно, но секоја грешка на аеродромци беше искористена од Вардар и казнета со кош на спротивната страна. За неколку недели МЗТ Скопје ќе имаат шанса да им се реваншираат на Вардар. Најдобар играч на овој натпревар беше Богатиновски Тино со 15 постигнати поени.

Дефинитивно најинтересен и највозбудлив беше последниот дуел помеѓу Вардар и Гостивар 2009, каде во текот на целата игра резултатот беше изедначен. Гостите од Гостивар покажаа сериозен карактер на терен и не му дозволија на домаќинот да се одвои со резултатот. Наумчески Мартин беше водечкиот играч со постигнати речиси половина од вкупниот број поени (26 поени).

vardar liga1

(генерација 2005) КК МВП Скопје – КК Ангели 53:42

КК МВП Скопје: Савов 2, Шуњевиќ 4, Стевановски 16, Сибиновски 7, Маневски, Головски 7, Поповски 7, Димитриевски 6, Голубовски 6, Крстевски.

КК Ангели: Умеров, Морски 5, Атанасовски, Кипровски, Андоновски, Петровски 2, Ѓеоргиевски 2, Теоски, Станковски 3, Доневски 15, Дунцевиќ, Мијалковски 5, Стаменковски, Илиевски, Коларовска 8, Трајковска 4.

(генерација 2003) КК Вардар – КК Мзт Скопје 74:33

КК ВАРДАР: Станковски 8, Киров 14, Богатиновски 15, Георѓиевски, Хасанаговски 5, Василевски 5, Никифоровски, Антовски  С. 9, Антовски А., Димитровски 4, Цветановски 9, Димитриев 8, Велковски 3.

КК МЗТ Скопје: Алексов , Ајтовски, Пауновски 2, Константиновиќ, Шишковски 6, Трајковиќ 4, Милковски 4, Тасевски, Ристовски 5, Гиразовски, Пејковски, Митов 2, Тентов 3, Гигов 5

(генерација 2005) КК Вардар – КК Гостивар 2009 55:57

КК ВАРДАР: Лоренчиќ 6, Фрчкоски 6, Кореслесмак, Мишоски, Христовски, Гакев 2, Стојановски 10, Тодев 19, Гештаковски 4, Алаџајков 2, Миндошев 6.

КК Гостивар 2009: Анастасоски 4, Петрески 2, Тримчевски, Алили, Рушити 4, Елмази, Наумоски 12, Цветаноски, Петков 5, Наумчески 26, Анастасоски Златко, Кироски 4.

 

Се вчитува...