Сташ Скубе наскоро станува Македонец?!

Сташ Скубе би можел во иднина да го облече дресот на македонската репрезентација. ЕКИПА дознава дека во најскоро време се планира да биде стартувана процедура за средниот бек на Вардар да добие македонски пасош, со што тој би се здобил со право да настапува и за нашиот национален тим.

Идејата за вакво нешто постои веќе извесно време, но преговорите се интензивирале во последните месеци. Скубе подолг период е без настап за репрезентацијата на Словенија, па би можел експресно да стане член на нашиот национален тим, штом биде завршена целокупната процедура. Неофицијално, токму тоа била причината поради која Скубе јавно ги одбил Словенците да се врати во оваа репрезентација иако неговото име беше на списокот од 28 ракометари кои се најдоа на списокот на помошниот селектор Зорман.

Едно е сигурно, нема никаква шанса средниот бек на Вардар да го облече дресот на Македонија на претстојниот европски шампионат, со оглед на фактот дека тој не се најде на поширокиот список од 28 ракометари, од кои ќе се избираат патниците за Виена.

Сташ Скубе пристигна во Вардар во 2018 година од редовите на ПИК Сегед и веднаш се наметна како еден од лидерите на „црвено-црните“. Тој беше еден од најзаслужните за освоената втора европска титула на „вардарци“ во Лигата на шампионите, по што минатото лето потпиша нов договор со македонскиот шампион, со важност до 2022 година.

Се вчитува...