Статистички докажано – Роналдо најпрецизен во 23.минута

Кристијано Роналдо е гол-машина и е многу блиску да ја помине границата од 700 гола во кариерата.

Статистичарите во Португалија пресметале и направиле гарфика на сите голови што ги постигнал Роналдо и дошле до интересни заклучоци.

Така, пресметано е дека од вкупните 669 гола во кариерата, португалскиот ас најмногу погодоци постигнал во 23.минута од натпреварите. Дури 15 погодоци на Роналдо „паднале“ токму во таа минута.

Вториот налет на извонредниот голгетер доаѓа во 68.минута во која досега 13 пати ја затресол мрежата на противниците.

Роналдо бил одличен и во финишот на мечевите, па во 89.минута има 12 гола, а исто толку постигнал и во втората минута од судиските продолженија.

Во тој период после 90.минута, Португалецот има постигнато дури 32 гола што е околу пет проценти од сите голови што ги има постигнато во кариерата.

Интересно е дека Роналдо дури седум пати успевал да постигне по 11 гола во одредени минути, во прашање се 14, 26, 28, 44, 50, 73 и 82.минута од средбите.

Најголем дел од вкупните 669 гола, Роналдо ги има постигнато во дресот на Реал, дури 450. За Манчестер јунајтед бил стрелец 118 пати, а 85 погодци има за репрезентацијата на Португалија.

За Спортинг Лисабон има постигнато пет гола, додека во првата сезона во Јувентус досега стигна до 11 гола.

Се вчитува...