Статистика и традиција: Може ли Баерн да ја прекине серијата порази од Реал?

Се е подготвено за дуелот на европските фудбалски џинови на „Алијанц арена“, на кој Баерн Минхен ќе се обиде да ја прекине серијата од пет порази во пресметките со „кралевите“ од Мадрид.

Ова е најчест дуел во европските купови, Баерн Минхен и Реал Мадрид по 25. пат ќе се сретнат меѓусебе во пресметката на „џиновите“ на европскиот и светскиот фудбал.

– Реал Мадрид осма година по ред игра во полуфиналето од ЛШ, додека Баерн се пласираше меѓу најдобрите четири екипи шести пат во последните седум сезони.

– Баерн Минхен претрпе порази на последните пет дуели со Реал Мадрид, најдолга губитничка серија на баварскиот гигант против било кој ривал во клупската историја.

– Ова е четврти пат во последните седум сезони Реал и Баерн да се сретнат во нокаут фазата од ЛШ, „кралевите“ беа поуспешни два пати, наспроти еден триумф на Баерн. Двата гиганти сеимаат сретнато шест пати во полуфиналињата од Лигата на шампионите, при што Баерн има водство од 402.

– Баерн беше елиминиран во последните три настапи во полуфиналето од ЛШ.

– Реал Мадрид лани славеше на „Алијанц арена“ со 1-2, со што стави крај на серијата од 16 победи на домашен терен на Баерн на домашен терен.

– Баерн Минхен има скор од 18 победи, шест реми и три порази на домашен терен против екипи од Шпанија.

– Јуп Хејнкес беше тренер на Реал Мадрид во 1998 година, носејќи му ја на клубот седмата европска круна, прва по 1966 година.

– Реал Мадрид досега во клупската историја има забележано 149 победи во ЛШ.

– „Кралевите“ сезонава веќе триумфираа во Германија, славејќи со 1-3 на гостувањето против Борусија Дортмунд.

– Севкупно гледано, Реал Мадрид има скор од шест победи, седум реми и 19 порази на гостувањата во Германија.

– Реал се наоѓа во серија од шест победи против ривали од Германија, притоа постигнувајќи дури 31 погодок.

Се вчитува...