Статистика ЛШ: Победи го Гвардиола и стани европски првак

Време е за вторите битки меѓу четвртфиналисти во Лигата на шампионите, кои ќе ги дадат имињата на четирите екипи кои ќе ја продолжат борбата за европската круна. Во пресрет на овие возбудливи дуели, еве неколку интересни статистички податоци поврзани со четвртфиналистите.

  • Само две екипи во иторијата на ЛШ надополниле негатива од три или повеќе голови по првиот меч (Ла Коруња против Милан во 2004 и Барселона против ПСЖ во 2017 година).
  • Барселона на последните две средби против Рома има две победи со вкупна гол-разлика 10-2.
  • Рома пред 16 години ја совлада Барселона со 3-0 на „Олимпико“, триумф со кој „волчицата“ се пласираше во следната рунда.
  • Барса е без победа на последните шест гостувања во Италија.
  • Лионел Меси пет години е без гол на Апенинскиот полуостров, има само два погодоци на девет средби одиграни на италијанско тло.

  • Манчестер сити сезонава го совлада Ливерпул со 5-0, што му е единствена победа над „црвените“ на последните девет дуели (две реми, шест порази).
  • „Црвените“ се без пораз на последните пет гостувања во ЛШ, последен пат кога успеале во такво нешто ја освоија титулата во ЛШ, во 2005 година.
  • Четири од последните шест екипи кои го исфрлиле Пеп Гвардиола од ЛШ на крајот станувале шампиони. Исклучок е Атлетико Мадрид во 2016 и Монако во 2017 година.

Се вчитува...