Ставре Јада последен на спринт трката на СП во бијатлон

Најдобриот македонски нордиец Ставре Јада неславно помина на спринт трката на Светското првенство во бијатлон откако заврши на последната 104 позиција.

Јада и не беше така лош на стрелиштетот каде погоди 7 од 10 мети, сепак големата разлика во скијањето со најдобрите бијатлонци во свет беше доволна да заостанува дури половина минута од претпоследниот Унгарец, Сома Џалај кој имаше двојно повеќе промашувања од Јада.

Златото му припадна на Швеѓанецот, Мартин Понсулома, пред двоецот Французи, Симон Дестио и Емилиен Жакелан. Првиот фаворит, Норвежанецот Јоханес Тингес Бо заврши само на петтата позиција откако двапати беше непрецизен на стрелиштето.

Се вчитува...