Ставре Јада постигна олимписка норма за ЗОИ во Пјонгчанг

Македонскиот нордиец, Ставре Јада, избори олимписка А норма за настап на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, во февруари наредната година.

Јада постигна одличен резултат на натпреварот на 10 км. во Штрпске Плесо, Словачка, и исполнета олимписка норма. Во исклучително силната конкуренција, македонскиот скијач го освои 9.место во генералниот пласман и заврши на 2.место во конкуренција на јуниори со освоени 97,44 ФИС точки, доволно за постигнување олимписка А норма за ЗОИ во Пјонгчанг.

Се вчитува...